Во текот на осмата недела од 2026 година (16-22.02.2026), во Македонија се пријавени 1.113 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 3,2% помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со осмата недела од минатата сезона е намален за 63,3%.

Заболените лица се пријавени од 21 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 669, Струмица – 81, Прилеп – 61, Тетово – 50, Гевгелија и Охрид – 37, а во Битола, Куманово, Дебар, Струга, Кичево, Штип, Кавадарци, Неготино, Пробиштип, Гостивар, Радовиш,Свети Николе, Велес, Кратово, Македонски Брод, бројот на заболени е помал од 30. Во Крушево, Валандово, Крива Паланка, Демир Хисар, Берово, Кочани, Ресен, Виница, Делчево и Пехчево нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во однос на возрасната дистрибуција, 621 лица се на возраст од 15-64 години, 185 се деца на возраст од 5-14 години, 164 – деца на возраст од 0-4 години, а 143 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (169,9/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години

Во четири ЦЈЗ/ПЕ се бележи средна активност, сезонска активност се регистрира во 12 ЦЈЗ/ПЕ, додека во пет единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип. Во Охрид се бележи сезонска активност.

OhridNews