Во текот на шестата недела од 2026 година (02-08.02.2026), во Македонија се пријавени 1.306 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 12,8% помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со шестата недела од минатата сезона е намален за 54,7%, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Во ЦЈЗ/ПЕ Дебар се бележи висока активност, средна активност се регистрира во четири ЦЈЗ/ПЕ, во 17 се бележи сезонска активност, додека во шест единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип. Во Охрид се бележи сезонска активност.
Во однос на возрасната дистрибуција, 715 лица се на возраст од 15-64 години, 228 се деца на возраст од 5 14 години, 184 – деца на возраст од 0-4 години, а 179 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
OhridNews












