Фудбалскиот клуб Вердер и 52 годишниот  тренер Томаш Шаф ја прекина соработката долга 14 години.Турбулентната сезона во која дури во финишот Вердер избори опстанок значеше крај на долгодишната соработка. Вердер со Шаф на клупата во 2004 година стана шампион на Германија, три пати (1999, 2004, 2009) го освојувал националниот Куп.

Како можна дестинација се споменува австрискиот тим Ред Бул, Салцбурт. Тимот кој лани ја освои двојната круна и покрај силните вложување е разочарување во лигата. Елиминирани беа во полуфиналето од купот од третолигашот Пашинг, а во лигата на три кола пред крајот заостануваат шест бода за лидерот Австрија Виена.

Најголем фаворит за испразнетото место во Вердер е поранешниот германски репрезентативец Стефан Ефенберг.