Димов своевремено бил најмлад шахист кој освоил втора категорија, потоа најмлад шахист кој освоил прва категорија, потоа најмлад мајсторски кандидат и најмлад национален мајстор. Поранешен член на Македонската шаховска репрезентација, освојувач на бројни домашни и странски награди. Активно работи на поддршка и развој на Македонскиот шах, член на Управен одбор на Шаховски Клуб Алкалоид Скопје.
Симултанката се организира со цел афирмација на Шахот во Охрид, а лица за контакт се : Борис Лушески (078 496 045) и Методија Анѓелкоски (070 304 163)