Иако станува збор за екипа од Азербејџан, сосема погрешно е мислењето дека оттаму доаѓаат слаби тимови, па затоа Металург ќе има проблеми со екипата на Карабах, ни изјави Артим Шаќири, македонската фудбалска легенда, кој токму во тој азербејџански клуб ја заврши својата богата интернационална кариера.
Според Шаќири, екипата нема големи индивидуалци, но тимот бил страшно компактен.
– Имаат неколку репрезентативци, сезонава за малку ќе беа прваци, но поради невнимание во последните неколку кола ќе им избегаше и местото за во Евролигата на УЕФА. Никако не смеат да се потценат, мора да се внимава на нивната огромна борбеност. Тоа можеби е и најдобрата страна на тимот, но секако, имаат и слаби страни. На мечот со Металург, кој ќе се игра во Баку, зашто нивниот стадион нема дозвола за натпревари на УЕФА, сигурно ќе има петнаесетина илјади гледачи – вели Шаќири.
Карабах е клуб што доаѓа од Нагорно Карабах, град на азербејџанско-ерменската граница. Натпреварите ги играат таму, но административните простории на клубот се во главниот град Баку. Таму живеат и тренираат сите фудбалери, а патуваат само на натпреварите.
– Финансиски клубот е многу силен, организациската структура е како во екипите од Западна Европа. Само неколку минути по ждрепката ми се јави директорот на клубот и ми побара снимка од натпревар на Металург, што значи дека не чекаат многу за веднаш да дејствуваат – вели Шаќири, кој во Карабах играше до пред една сезона.
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Пред се мислам дека екипата на Дукла Прага е една сериозна екипа која игра во Чешкото првенство и се бори за титула Мислам дека нема да ни биде лесно, но ќе дадеме се од себе да оствариме пред се ш...
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.