Македонскиот фудбалски интернационалец Артим Шаќири сам ќе си организира простување од националниот дрес, откако не му се исполни желбата да биде дел од почетниот тим на дуелот со Шпанија во средата. Поради тоа што не сакаше да „троши“ замена за него селекторот Мирсад Јонуз не го повика во официјалниот список, а ФФМ му понуди изведување на почетниот удар. Шаќири го одби тоа и само прими плакета пред почетокот на мечот.
Левото крило во моментов не е подготвено да ги добие своите пет минути на некој нареден натпревар на репрезентацијата, но најавува дека ќе организира проштален пријателски меч на крајот од неговата играчка клупска кариера.
– Јас во секој случај ќе организам проштален меч. Контактирав со португалска агенција што организира вакви натпревари, би организирал еден натпревар од кој сите средства би ги дале во хуманитарна цел – вели Шаќири.
Тој во родната Струга ги полни батериите за почетокот на новата фудбалска сезона. Сé уште како „грутка на срце“ му лежат случувањата минатата среда.
– Ниту во мојот најлош сон не очекував ваков крај на мојата репрезентативна кариера. Ништо од договореното не се исполни. Мечот против европскиот првак беше одлична можност да и се стави крај на мојата репрезентативна кариера, натпревар што би претставувал врв во мојата играчка кариера – вели Артим, кој признава дека намерно го „пикирал“ мечот со Шпанија како шанса да го затвори поглавјето наречено национален тим.
Во моментот Шаќири има разговори за продолжување на кариерата, а за тоа има рок до 31 август, кога завршува преодниот рок за фудбалери во Европа. Досега популарниот Аце настапуваше во клубови од Шведска, Германија, Словенија, Турција, Бугарија, Англија, Финска, Данска, Лихтенштајн, Албанија и од Азербејџан, па можно е да го зголеми списокот со ангажман во некоја друга дестинација.
УЕФА денеска ја изврши ждрепката на групите за новата сезона во фудбалската Лига на нации Македонија ќе игра во групата 1 во Б дивизијата заедно со репрезентациите на Шкотска, Швајцарија и Словениј...
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Пред се мислам дека екипата на Дукла Прага е една сериозна екипа која игра во Чешкото првенство и се бори за титула Мислам дека нема да ни биде лесно, но ќе дадеме се од себе да оствариме пред се ш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.