– Хрватскиот модел на работа во репрезентацијата ќе биде мојот пример, вели кандидатот за селектор на македонската фудбалска селекција Артим Шаќири
Поранешниот македонски репрезентативец влезе во потесниот избор за селектор по отказот на Мирсад Јонуз, кој управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија му го врачи пред две недели. Тој во петокот беше на разговор во ФФМ, заедно со новиот тренер на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски.
– Задоволен сум од разговорот што го имав со претседателот на федерацијата Харалампие Хаџиристески. Доколку го добијам мандатот, мојата примарна цел ќе биде да ги вратам нарушената атмосфера и дисциплината во „црвено-жолтиот“ состав, работи кои во голема мера беа нарушени со претходниот селектор – вели Шаќири.
Поранешниот капитен на Македонија (75 натпревари, 15 гола) секогаш го давал максимумот во натпреварите во дресот со националниот грб. Стружанецот истото ќе го бара и од неговите избраници.
– Секој што ќе се одзива на повикот во националниот тим, ќе мора да го дава максимумот, подеднакво исто како што тоа го прави за клубот во кој настапува – истакна Шакири.
Тенкиот буџет на федерацијата, смета дека македонските селектори ги става во пол-позиција пред странските решенија. Како играч минал многу, бил под водство и на македонски и на странски селектори и смета дека тактичките варијанти го прават еден селектор добар или лош.
Имињата на евентуалните соработници во стручниот штаб не сака да ги открие, но вели дека доколку ја добие довербата, тоа ќе биде тим составен од поранешни соиграчи од репрезентацијата.
– Ќе го имплементирам хрватскиот модел. Видовте што направи Славен Билиќ со селекцијата и кои се луѓето што работат во неговиот тим. Сметам дека и ние имаме таков потенцијал – вели Шаќири.
Одлуката кој ќе биде новиот македонски селектор се очекува да биде донесена кон средината на Јули.
ГРК Охрид денес ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига Ракометарите на Охрид велат се фаворити на овој натпревар и упатуваат повик до охриѓани и навива...
ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид по повод Денот на ослободувањето на Охрид – 7 Ноември, по трет пат организира турнир во мал фудбал „Futsal OHRID FREED 2025“, на кој ќе настапат екипи на ј...
Охридскиот веслачки клуб „Горица Ремо“ се подготвува за нов предизвик, учество на младинска регата во Зрењанин, Србија Младите веслачи Ана Ничевска и Андреј Крстески, предводени од нивниот тренер А...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.