Бундеслигашот Шалке 04 во најсилен состав ќе допатува во Скопје на дуелот со Вардар, кој ќе се одигра на 24 мај во Скопје.

– Нема никаков сомнеж дека ќе дојдеме во најсилниот наш состав. Не сме клуб кој би си поигрувал со своето реноме, а и кога прифаќаме гостување тогаш мора да биде на највисоко ниво. Доаѓаме со првиот тим, и сите фудбалери кои се на располагање, нашите репрезентативци Хилдебранд, Дрекслер, Меер, Холанѓанецот Хунтелар, Бразилците Рафаел и Бастос, потоа Џермејн Џонс, и сите останати. Ќе недостасува Афелај поради повреда на коленото – рекоа од клубот, а пренесува “Дневник“.

Пријателството на навивачите кое трае од 2004 година кога двете екипи се сретнаа во Купот на Уефа и сеуште трае, а ќе биде крунисано со пријателски натпревар.

Мх.П.