Со три интересни натпревари и убедлив настап на актуелниот шампион АСП ПАК, синоќа беше означен почетокот на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“.
Бранителот на трофејот уште на стартот испрати јасна порака дека повторно ќе биде еден од главните фаворити, совладувајќи ја екипата на Бразилиан со 6:2.
Успешен старт забележа и Џими, кој во интересен натпревар го совлада Оровник со 4:2, додека Сатеска ги освои бодовите без борба, откако натпреварот против Хотел Тино беше регистриран со службени 3:0.
Возбудувањата на турнирот продолжуваат во сабота со нови три натпревари од групната фаза:
20:00 – БЗ Груп – Златара Бени Ерол
21:00 – Студио 13 – Екстра Скопско
22:00 – Др. Баткоски – ДООЕЛ Ноче
Организаторите очекуваат и во наредните денови голема посетеност и квалитетни натпревари, а групната фаза на турнирот ќе трае до 25 јули.
OhridNews















