Актуелниот НБА првак Денвер го продолжи договорот со тренерот Мајкл Малоун (52), објави синоќа ЕСПН.

Истиот извор наведе дека Малоун ќе стане еден од најплатените тренери во лигата, не прецизирајќи за колку долго е продолжена соработката.

Малоун минатата сезона му ја донесе првата шампионска титула на Денвер во историјата, а тимот предводен на паркетот од српскиот центар Никола Јокиќ и оваа сезона стартуваше многу добро со осум победи и само два порази по воведните десет натпревари.

Малоун седна на клупата на Денвер пред сезоната 2015/16 со што стана четвртиот тренер со најдолг стаж во НБА лигата. Само Грег Попович (Сан Антонио), Ерик Сполстра (Мајами) и Стив Кер (Голден Стејт) се со подолг стаж во своите екипи.

OhridNews