Екипата на Македонија ЃП во знак на револт од реизборот на Хаџи – Ристески на чело на ФФМ, одлучи да ги бојкотира натпреварите во организација на федерацијата. Т
ака, лавовите во неделата не се појавија на центарот на “Филип втори“, а комесарот за натпревари Миле Спиркоски одлучи мечот да го регистрира со службени 3-0.
Македонија ЃП има еден минус и евентуално непојавување и бојкот на денешниот натпревар според статутот на ФФМ би значело суспензија и преселба на клубот во најнизок ранг на натпреварување.










