Актуелниот првак во македонскиот шампионат Македонија ЃП се соочува со можна суспензија и преселба во најнизок ранг на натпреварување.

Екипата на Македонија ЃП во знак на револт од реизборот на Хаџи – Ристески на чело на ФФМ, одлучи да ги бојкотира натпреварите во организација на федерацијата. Т

ака, лавовите во неделата не се појавија на центарот на “Филип втори“, а комесарот за натпревари Миле Спиркоски одлучи мечот да го регистрира со службени 3-0.

Очите на македонската спортска јавност денес ќе бидат вперени во Тетово, каде Македонија ЃП против Тетекс треба да го игра реванш мечот од 1/4 финалето во националниот куп.

Македонија ЃП има еден минус и евентуално непојавување и бојкот на денешниот натпревар според статутот на ФФМ би значело суспензија и преселба на клубот во најнизок ранг на натпреварување.

М.П.