Манчестер Јунајтед го направи првиот чекор кон титулата во Премиер Лигата откако триумфираше над Блекбурн со 2-0. “Црвените ѓаволи“ со победата се одлепија на пет бодови од конкурентот за титулата, Манчестер Сити.


Мрежите мируваа до 80-та минута кога Валенсија со “надворешно ефе“ погоди во целта. Конечните 2-0 ги постигна Јанг во 86-та минута од мечот.

Мх.П.