Манчестер Сити повторно ја “стопи“ предноста на градскиот ривал на еден поен, откако во дербито на Премиер Лигата со пресврт славеа над Челси со 2-1.


Зимската аквизиција ТИм Кејхил донесе предност за Челси. Аргентинецот во дресот на Манчестер Сити, Кун Агуеро од белата точка го израмни резултатот додека комплетниот пресверт го реализираше французинот Самир Насри.

Резултати : Мен Сити – Челси 2-1, КПР – Ливерпул 3-2, Евертон – Арсенал 0-1, Тотенхем – Евертон 0-1.

Во наредната рунда Манчестер Сити гостува кај Стоук, додека Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд го пречекува Фулам. 

Мх.П.