
– Со ангажманот на Лазоски доведовме еден искусен стручњак на клупата кој има играно неколку финалиња, а го има освоено и националниот куп со тимот на Вардар О. И тој како и ние е “жеден“ за освојување на трофеи – го започнува разговорот Кристијан Шапкар потпреседателот на КК АМАК СП.
Апетитите на АМАК СП од година во година раснат. Во првата сезона цел беше Супер лигата, минатата сезона плеј-офот, а оваа година цел на охридскиот лигаш ќе биде една од титулите во домашното првентово. Покрај настапите во мак- баскетот, оваа сезона АМАК СП ќе игра и во Фиба Евро купот.

Во наредната сезона клубот ќе започне со работа со младите категории.
– Младинската школа веќе е отворена и во неа ќе може да партиципираат сте млади кои ја сакаат кошарката. Во школата ќе работат минатогодишните асистенти Марјан Бошале и Горан Цветковиќ. Заинтересираните ќе може да се пријават во нашиот клуб, а своја апликација ќе може да испратат и преку веб сајтот kkamak.org.mk
Одличната поддршка која ја имаше клубот мината сезона за очекување е да продолжи и оваа. Публиката редовно беше шестиот играч на екипата, а тоа не остана незабележано од страна на вториот човек во клубот кој се заблагодари на огромната поддршка која охриѓани им ја даваат на играчите и клубот.











