Португалската тенисерка Ларчер де Брито и Украинецот Стаковски приредија сензација на гренд слем турнирот Вимболдон елиминирајќи ги Марија Шарапова односно Рожер Федерер.

Португалката Де Брито руската тенисерка ја совлада со 2-0 (6-3, 6-4) во сетови додека Стаковски со 3-1 (6-7, 7-6, 7-5, 7-6) триумфираше против Швајцарецот.

Претходно од Гренд слем турнирот во Вимболдон елиминиран беше победникот на Роланд Гарос, Рафаел Надал.

Мх.П.