Марија Шарапова во финалето од Роланд Гарос титулата ќе ја брани против Американката, Серен Вилијамс.


Русинката во 1/2 финалето ја совлада Викторија Азаренка со 2-1 во сетови (6-1, 2-6, 6-4). Во одлучувачкиот трет сет, кој се играше повеќе од еден час пресуди концетрираноста на Русинката.

Помладата од сестрите Вилијамс во 1/2 финалето ја „збриша“ италијанската тенисерка Сара Ерани со 2-0 во сетови. Во натпреварот, кој траеше 48 минути Серена на Италијанката и остави само еден гем и заслужено ја напаѓа круната од Шарапова.

Мх.П.