За разлика од светлите и монотони бои со кои во минатото се бојадисуваа станбените објекти во Охрид, сега се почесто можат да се забележат јаки и интензивни бои на фасадите на објектите. За некои граѓани тие се премногу нападни, за останатите се вистинско освежување на улиците на градот.



Правила не постојат, секој си постапува според сопствените желби, но повеќе од сигурно е дека градот во последните неколку години забрзано го губи стариот лик.

OhridNews