Во последните 24 часа регистрирани се 365 нови случаи на Ковид-19, оздравеле 1059 пациенти, а починале 25 лица.
Според Министерството за здравство, направени се 947 тестирања, а од регистрираните 365 нови случаи во Скопје се 126, во Куманово 27, Штип-19, Прилеп-9, Тетово-33, Велес-26, Битола-7, Охрид-2, Кавадарци-25, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-3, Ресен-3, Неготино-23.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1823, а активни се 557.
OhridNews











