Охрид во ресторанот „Канео“ во истоимената населба, го доби првиот премиум ресторан кој ќе нуди врвни гастрономски специјалитети подготвени со намирници од поднебјето по светски стандарди и рецепти на познатиот Шеф Огненовски. Дел од нив беа презентирани синоќа на дегустацоната вечер со Шеф Огненовски на која тој и одлично обучениот тим на ресторанот „Канео“ подготвија извонредно креативни јадења со намирници од охридскиот регион и Езерото, кои беа послужени на модерен начин со прекрасни македонски вина и вкусен десерт. Посетителите имаа можност да вкусат крап подготвен на поинаков начин без пржење, паштета од фузија од езерски риби, затворена риба, бифтек подготвуваан 24 часа и други вкусни јадења со продукти од охридското поднебје.

– Локалните продукти што ги наоѓам на зелениот пазар во Охрид мислам дека до сега не ни се имплементирани доволно во ниеден ресторан во Република Македонија и време е за револуција во храна. Ова што го правиме во рсторан „Канео“ не е само дегустација на Шеф Огненовски и на ресторанот, туку е едукативна програма и културна и кулинарска политика која има за цел конечно да разбереме сите заедно, што е и порака до сите угистители, да направиме конечно од Охрид елитен туризам, без сендвичи и останатите работи. Тука го правиме првиот чекор каде со локални продукти правиме храна од 5 ѕвезди. Мислам дека ова е насоката во која треба да се развиваат угоститслтвото и туризмот во Охрид, се разбира тоа е мое мислење и не мора сите даго поддржат, но ќе дојде времето сите да го прават тоа што овде го правиме во ресторанот „Канео“.- вели во разговор за OhridNews шеф Огненовски.

Асоцијата „Шеф Огненовски“ веќе имплементира едукативна програма по герила систем во секој град од земјата каде се едуцираат шефови и персонал со цел истите да бидат задржани тука и да им се покаже на странските туристи дека сериозно може да одговориме на нивните високи барања, дека поднебјето е полно со најразлични биодиверзитети кои до сега не ги користевме, додава Шеф Огненовски. Тој истакна дека ги истражил сите локални продукти, а ботаничари од Англија во регионот откриле вредни природни намирници кои исклучително се ценат на светскиот пазар. 

-Ние треба да направиме заедника политика и да воведеме елитен туризам затоа што Охрид друго не заслужува. Овде треба храна, вино и јак туризам. И многу важно Охрид е евтин. Треба само знаење, усоовршување на услугата, винската култура ни отиде веќе напред и сите заедно без кавги со здрава конкуренција да одиме напред, бидејќи ако немаме слога трети користат. Да си го чуваме и наплатиме она што ни е најдобро во државата, а тоа несомнено е Охрид. – рече Шеф Огненовски.

Од ресторанот Канео велат дека се одлучиле да го прифатат предизвикот и да направат храбар потег кој ќе значи квалитативна промена во начинот на подготвување и послужување на храната.

-Сметаме дека тоа е правецот во кој треба да се развива туризмот кај нас во иднина. Само да се работи во подобрување на квалитетот како на храната, така и на услугата, а таквата понуда ќе влијае на подобрување на квалитетот на гостите кои доаѓаат тука, што ќе ни овозможи да го подигнеме стандардот, но и да ги задржиме квалитетните готвачи и келнери кај нас, нешто што е исклучително важно за севкупната понуда.  велат од менаџерскиот тим на ресторанот „Канео“.

Во асоцијацијата на Шеф Огненовски има 23 ресторани во Македонија, а „Канео“ е првиот со премиум квалитет во Охрид.

Г.Момироски

Фото Галерија:


Дегустациона вечер со Шеф Огненовски во ресторан „Канео“