Се разбира дека е тешко трите столба на целата Програма да се образложат на куси презентации, меѓутоа, и ова што го кажавме и она што е напишано, за да се креираат вистински политики и за да се провери дали тие политики даваат вистински, очекуван и позитивен резултат за македонските граѓани, мора да дадеме одговор на две едноставни прашања.

Во првите сто дена од мандатот на владата на СДСМ ќе спроведеме попис на населението и домаќинствата и ќе ја откриеме најголемата тајна на оваа власт, истакна заменик претседателот на партијата Радмила Шеќеринска на промоцијата на програмата на најголемата опозциска партија, што се одржа вчера во Скопје. 

– Новата Влада на СДСМ во првите сто дена на македонската јавност ќе и ја објасни, ќе и ја презентира, ќе и ја прикаже досега најстрого чуваната тајна, а тоа е колку должи оваа држава. Иднината на новите генерации никогаш не смее да биде жртвувана за интересите и желбите на која било владина гарнитура. И заради тоа нашиот однос кон долгот ќе биде се да биде јавно, се да биде транспарентно, власта да биде прва што ќе покаже домаќински однос. Заради тоа ќе формираме фискален совет што ќе го формира Собранието на РМ. Совет составен од експерти, без политички влијанија којшто во секој момент ќе гарантира дека македонските граѓани ќе можат да ја контролираат власта, ќе можат да знаат колку должи државата и на кој начин се трошат државните пари. Овој фискален совет ќе биде телото што ќе гарантира дека која било Влада ќе мора одговорно да се однесува кон парите на граѓаните и нема да смее овие витални податоци да ги чува како тајна. Фискалниот совет ќе биде задолжен да дава мислење за секое ново задолжување, за секој буџет и за секоја завршна сметка. На овој начин ќе покажеме дека не се срамиме, не бегаме од вистините. На овој начин ќе покажеме дека секој денар на сегашните генерации во Македонија и на идните генерации во Македонија ќе бидат домаќински третирани од власта.- рече Шеќеринска. 

Таа изрзи благодарност до над 500 домашни и странски експерти кои работеле на изготвување на изборната програма на СДСМ, посочувајќи дека партијата на изборите излегува со чесна понуда.

-Излегуваме со чесна понуда, тестирана неколкукратно, не само во разговорите со експерти, туку и во над 1000 средби што ги имавме во секое село и град низ Македонија. Ги тестиравме не само од аспект на позитивен резултат, туку ги тестиравме од аспект на остварливост и реалност. Излегуваме со чесна понуда која што ќе покаже дека македонските граѓани ќе го добијат тоа што веќе одамна го очекуваат. Промени за нов почеток.-рече Шеќеринска.

OhridNews