Кошаркарот на Виртус Болоња, Торнике Шенгелија е прогласен за најкорисен играч во октомври во Евролигата.

Според резултатите од првиот месец од новата сезона, Виртус е на 2. место со биланс четири победи и само еден пораз.

Шенгелија имаше просек од 18,4 поени, 4,8 скока и 4 асистенции по натпревар.

Во рејтингот на ефикасност на крајот на октомври, Шенгелија е на 2. место во Евролигата со 23,6 поени во просек по натпревар.

OhridNews