Потешко од очекувањата екипата на Пелистер славеше над штипска Брегалница (2-1) во мечот кој се одигра на фудбалскиот стадион во Охрид, Атина Бојаџи. Џокер на битолчани беше новајлијата во тимот Фернандо Силва кој прецизно за победа стрелаше во 91-та минута од натпреварот. 


– Бодовите заслужено ги освоивме, но ако на некој треба да му се честита по денешниот натпревар тоа сигурно е тимот на Брегалница. Тие ни покажаа нам и на сите во македонскиот фудбал како треба да се игра со фудбалер помалку речиси цел натпревар. Стрпливоста нивна беше фасцинатна и многу ме плашеше. На полувремето ги опоменав моите фудбалери да бидат внимателни при прекините, а токму од таква ситуација примивме гол кој ни создаде многу проблеми. Со измените ја освежив екипата и го засилив нападот, а еден мајсториски потег на Фернандо Силва ни донесе победа која добри ќе ни дојде после ремито со Победа. – рече стратегот на битолчани, Наџи Шенсои.


Овие две екипи в среда одново ќе ги одмерат силите во рамките од полуфиналето во Купот на Македонија. Домаќин на првиот меч ќе бидат штипјани, додека реванш за месец дена ќе се одигра во Битола.

Прва МФЛ: Финишот среќен за Пелистер на Атина Бојаџи (видео)

OhridNews