Екипата на Охрид со победа над Кадино (2-1) стави печат на првата полусезона во второлигашката конкуренција. Творец на осмиот триумф на „рибарите“ беше Шериф Реџепи кој ги постигна двата погодоци. Вреди да се напомене дека Охрид од деветтата минута играше со фудбалер помалку, после директниот црвен картон на Александар Бакулески.

Многу сум среќен за головите, а посебно за победата. Покажавме голем карактер, играјќи на високо ниво повеќе од 80 минути со играч помалку. Никогаш не отстапивме од нашата цел-победа и мило ми е што успеавме да ги освоиме трите бодови. Убаво ја завршивме полусезоната и мислам дека сите заедно одиме на заслужен одмор. Сакам да ја искористам приликата да им се заблагодарам на стручниот штаб и управата за довербата и приликата, а на охридската публика за големата поддршка во првата полусезона. – изјави Реџепи.

Првата полусезоната ќе се комплетира со дуелот помеѓу Тетекс и Вардар Форино на кој правдата ќе дели охриѓанецот Мишо Ѓорѓиески.

  • Резултати:

Кораб – Дрита 2-3

Велешта – Скопје 0-0

Гостивар – Велазерими 1-0

Тетекс – Вардар Форино

Охрид – Кадино 2-1

Табела: Скопје 37, Велешта 30, Гостивар 30, Охрид 28, Кораб 24, Велазерими 22, Кадино 15, Вардар Форино 13 (-1), Дрита 10, Тетекс 10 (-1).

OhridNews

 

Фајтерски триумф на Охрид