Во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на Ковид-19, од кои два во Охрид. Најмногу нови случаи денеска има во Куманово 26, потоа во Скопје 13, Гостивар 15…

Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти, 16 во Охрид и 19 во Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 127196 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12840, бројката на оздравени пациенти е 9361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2932.

Г.М.