Шеснаесет поети, музичари и уметници од шест држави (Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија) ќе бидат дел од 37. Поетска ноќ во Велестово.

Програмата ќе започне на 15 август во 21 часот во Велестово со поетски портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационаланото поетско читање „Имаго“.

Ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Стефан Младеновски. Следните два дена ќе се одржат повеќе интернационални поетски читања на локации во Велестово и во Охрид.

Постерот за годинешното издание е посветен на пеперугите на Галичица, бидејќи од повеќе од 200 видови пеперуги во Македонија, дури 166 живеат во Националниот парк „Галичица“. Да се потрудиме заедно да ги заштитиме и уште долго да уживаме во нивната убавина. Автор на постерот е Андреј Павлов, информираат организаторите.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам, Општина Охрид и Комерцијална банка АД Скопје.

OhridNews