Шест екипи од три различни континенти Европа, Африка и Азија ќе настапат на традиоциоланиот ракометен турнир во Струга кој ќе се одржи од 17 до 20 август.


Македонски преставник на меѓународниот турнир ќе биде повеќекратниот освојувач, Металург додека од Европа ќе се натпреваруваат уште Алингсас (Шведска), Стеауа (Романија) и Шартре (Франција).

Африкански тим кој ќе биде дел од турнирот во Струга е шампионот на Тунис, Клуб Африкан, а од Азија доаѓа екипата на Ал Шабаб (Обедините Арапски Емирати).

Минатата година турнирот го освои француски Сесон од Рен кој годинава нема да се натпреварува.

OhridNews