На 16.10.2022 во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај превојот „Буково“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од 20 годишно лице од Охрид, мотоцикл „сузуки“, управуван од 21 годишно лице од Охрид, двата со охридски регистарски ознаки, и патничко возило „поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 59 годишно лице од битолското село Бистрица, информираат од СВР Охрид.

Во несреќата, двајцата мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди, додека 19 годишно лице од Охрид, сопатник на првиот мотоцикл, возачот на возилото „поло“ и 49 и 55 годишните сопатничките, двете од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додаваат од СВР Охрид.

Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.

OhridNews