Секторот за внатрешни работи Охрид, на 29 овој месец околу 02 часот, од кабаре лоцирано на улицата „Железничка“ во Охрид, шест лица, меѓу кои едно од Охрид, од село Белчишта, од селото Лешани, едно од Гостивар и две лица од селото Белчишта.
– Приведувањето е извршено по случено нарушување на јавниот ред и мир во кабарето, најнапред со вербална расправија, а потоа и со тепачка помеѓу прво пријавениот и останатите учесници. Натамошниот тек на нанарушувањето е спречено од полициски инспектори кои навремено реагирале и оневозможиле нарушување од поголем обем, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Против сите приведени лица, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
OhridNews












