Шест лица загинаа при сообраќајна незгода меѓу автомобил, цистерна и камион во Северна Италија, пренесуваат локалните медиуми. Државната телевизија „Раи“ објави дека во несреќата што се случила во Бреша загинале пет патници од автомобилот, а меѓу нив имало и две деца.

Несреќата се случила кога камионот кој пренесувал песок удрил во автомобилот, по што возилото се одбило во танкерот кој пренесувал запалива течност, поради што избувнал пожар.

Како што е наведено, официјалните лица не навеле за каква течност конкретно станува збор.