Шест од вкупно 12 медали им припаднаа на  охридските стрелци на Државното првенство во организација на Сојузот на училишни спортови што се одржа во Охрид.

Во машка конкуренција на ниво на средни училишта првото место му припадна на Кирил Миленкоски со резултат од 182 круга, Попоски Васко со исти број на кругови (173) со Христијан Ангелески од Прилеп го делеше второто место, додека третопласиран беше Мартин Гоџоски со 171 круг.

Во женска конкуренција на ниво на средни училишта Нина Балабан се пласира на третата позиција, со исти резултат со второпласираната (174) но со послаба последна серија.

Кај основците во женска конкуренција Јана Маркоска се закити со сребрениот медал со резултат од 150 кругови.

Кај машките пак од основните училишта Дарко Димоски, за кој воедно беше и прв настап во стрелаштво, го завзеде второто место, со исти број на кругови со прволасираниот (153), но со послаба последна серија.

Ohridnews