Денес се навршуваат шест месеци по трагичниот настан во дикотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. По тој повод родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.
Собирот кој ќе се одржи во Кочани ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ каде што и ќе заврши.
На 16 септември се навршуваат 6 месеци откако нашите сакани ангели нè напуштија по трагичниот настан што се случи на 16 март во „Пулс“. Во нивна чест и во борбата за вистината и правдата што ја заслужуваат, ве повикуваме сите заедно да излеземе и да дадеме поддршка, велат од Здружението на граѓани 16ти Март 2025.
И од иницијативата „Кој е следен“ повикуваат на мирен собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје, кој е најавен во 20:16 часот.
Инаку, во врска со пожарот во Кочани е поднесен обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за тешки дела против општата сигурност.
OhridNews