Младиот напаѓач на „кралевите“ Хесе Родригез го очекува пауза од шест месеци откако ги повреди вкрстените лигаменти на реванш натпреварот со Шалке во Лигата на Шампиони.


Само по осум минути игра од мечот откритието на сезонава во Реал Мадрид се повреди, тој беше изнесен со носилки и заменат со Герет Бејл.

Хесе сезонава во дресот на Реал Мадри одигра 31 натпревар постигна осум погодоци и зачука на вратата од шпанската селекција но повреда за него дојде во најнезгодно време.

Мх.П.