Охридските кошаркари натпреварите во елитата ќе ги продолжат во плејаутот, односно во мечевите кои „прволигашки“ живот значат заедно со Струмица, Пелистер и Вардар.


Битката за опстанок „галебите“ ја започнуваат со Пелистер во гости, а потоа играат мечеви со Струмица и Вардар на домашен терен.

– Распоредот е до некоја мера поволен за нас, но нема никаква врска каде почнуваш и каде завршуваш во ваков систем на натпреваруање. Шесте мечеви за нас ќе бидат како финилиња, секој натпревар посебна приказна и ќе нема поврзаност со претходниот или следниот. Атмосферата во екипата е на добро ниво, а кошаркарите се расположени за игра, што значи подготвени ги чекаме натпреварите од плејаутот. – изјави тренерот на охриѓани, Петар Чочороски.


„Галебите“ со учесниците во плејаутот имаат половичен скор три победи и три порази. АВ Охрид два пати славеше против Вардар, еднаш против Пелистер, а два пати претрпе пораз од Струмица.

„Галебите“ против Пелистер на стартот од плејаутот

Мх.П.