Македонскaта атлетска репрезентација освои шест медали два сребрени и четири бронзени на меѓународниот атлетиски митинг кој се одржа во Бар, Црна Гора, а на кој учествуваа 150 натпреварувачи од Црна Гора, Србија, БиХ, Албанија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Македонија.
Македонија беше претставувана од девет атлетичари а најдобар резултат оствари Кристијан Ефремов кој беше втор на 400 метри (49.22) освојувајќи го сребрениот медал.
Сребрен медал освои и Ирена Темова во скок во височина, прескокнувајќи 165 сантиметри, додека со бронзи се закитија Јованче Јанковски (скок во височина – 200 сантиметри), Александар Стојановски на 1.500 метри, Дрита Ислами на трката на 400 метри и Александра Спасески во трискок.
Валбона Селими заврши на петтата позиција на трката на 100 метри, Марјан Нојковски исто така го освои 5. место (фрлање ѓуле – 14.48), додека Роберто Стевиќ стигна до 8. место во скок во далечина
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.