Според податоците на Државниот завод за статистика во октомври 2022 година во државава се издадени 373 одобренија за градење, што е за 26.7 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, информираат од ДЗС.

Во Охрид се издадени шест одобренија за градба, од кои пет на физички лица и едно на деловен субјект. Предвидена е изградба на пет станови со вкупна корисна површина од 493 м2, од кои четири трособни и еден четорособен. Во Струга, пак, е издадено едно одобрение за градба на едно физичко лице, велат податоците од ДЗС.

На ниво на држава, пак, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 185 (49.6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 127 (34.0 проценти) за објекти од нискоградба и 61 (16.4 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 373 објекти, на 195 (52.3 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 (47.7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 699 станови, со вкупна корисна површина од 58 180 квадратни метри, соопштуваат од ДЗС.

OhridNews