Croatia-Mali 1 (1.4)

Денес продолжуваат пријателските натпревари пред престојното Светско Првенство во Бразил.Наш избор е натпреварот Хрватска-Мали.

Хрватска се наоѓа на 20-та позиција на ФИФА ранг листата и е дел од Светското Првенство,а на последните 5 натпревари општо имаат една победа против репрезентацијата на Исланд со 2:0,два нерешени натпревари (Швајцарија 2:2,Исланд 0:0) и два порази (Шкотска 2:0,Белгија 1:2).

Од друга страна пак репрезентацијата на Мали се наоѓа на 59-та позиција и на последните 5 натпревари општо имаат една победа против репрезентацијата на Мозамбик со 1:2,два нерешени натпревари со Сенегал и Јужна Африка со идентични 1:1 и два порази од репрезентациите на Гвинеја и Зимбабве со идентични 1:2.

До сега овие две репрезентации се немаат сретнато.

Panama-Serbia 2 (1.5)

Друг интересен натпревар за типување е натпреварот Панама-Србија,а според нас подобри се гостите.

Репрезентацијата на Панама се наоѓаат на 35-та позиција на ФИФА ранг листата и на последните 5 натпревари општо немаат победа,а имаат 2 нерешени натпревари (Хондурас 2:2,Јамајка 0:0) и три порази (Сад 2:3 и 1:0,Мексико 2:1).

Од друга страна репрезентацијата на Србија се наоѓа на 30-та позиција и на последните 5 натпревари не знае за пораз,а има 4 победи (Јамајка 2:1,Ирска 1:2,Македонија 5:1,Јапонија 2:0) и еден нерешен натпревар со Русија со 1:1.

До сега овие две репрезентации се немаат сретнато.

Norway-Russia 2 (2.45)

Попладнево играат и репрезентациите на Норвешка и Русија,а наш избор се русите.

Норвешка се наоѓа на 55-та позиција на ФИФА ранг листата,а на последните 5 натпревари имаат една победа против Молдавија со 1:2,еден нерешен натпревар со Чешка со 2:2 и три порази (Франција 4:0,Полска 3:0,Шкотска 0:1).

Од друга страна репрезентацијата на Русија се наоѓа на 18-та позиција на ФИФА ранг листата и е дел од престојното Светско Првенство во Бразил,а на последните 5 натпревари имаат три победи (Словачка 1:0,Ерменија 2:0,Јужна Кореја 2:1) и два нерешени натпревари со репрезентациите на Србија и Азербејџан со идентични 1:1.

На последниот меѓусебен натпревар победила репрезентацијата на Норвешка со 3:2.

 

Colombia-Senegal 1 (1.45)

Вечерва играат и репрезентациите на Колумбија и Сенегал,а наш избор е репрезентацијата на Колумбија.

Колумбија се наоѓаат на 5-та позиција на ФИФА ранг листата и играат на престојното Светско Првенство,а на посследните 5 натпревари општо имаат две победи (Белгија 0:2,Парагвај 1:2) и три нерешени натпревари (Тунис 1:1,Холандија 0:0,Чиле 3:3).

Од друга страна репрезентацијата на Сенегал се наоѓа на 63-та позиција и на последните 5 натпревари општо имаат две победи (Косово 1:3,Уганда 1:0),два нерешени натпревари со Брегот на Слоновата Коска и Мали со идентични 1:1 и пораз од репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со 3:1.

На последниот меѓусебен дуел триумфирале колумбијците со 2:0.

Zaragoza-Sporting Gijon 2 (2.1)

Денес се игра 41-то коло од шпанската Секунда Дивизион,а наш избор е натпреварот помеѓу Сарагоса-Гихон и типуваме на гостите.

Екипата на Сарагоса се наоѓа на 13-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа со Кордоба со 1:2,два нерешени натпревари (Мурсија 1:1,Сабадел 2:2) и два порази (Лас Палмас 1:2,Џирона 2:0).

Од друга страна екипата на Гихон се наоѓа на 5-та позиција и има шанса за пласман во Примера Дивизион,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Барселона Б 1:0,Херкулес 2:1,Луго 2:0),еден нерешен натпревар со екипата на Мирандес со 1:1 и пораз од Алкорон со 1:0.

Според традиција за нијанса е подобра екипата на Сарагоса,која на последните 11 натпревари против Гихон имаат две победи,осум нерешени натпревари и еден пораз.

Alaves-Numancia 1 (1.5)

Друг интересен натпревар од шпанската Секунда Дивизион е натпреварот Алавес-Нумансија,а типуваме на домаќинот.

Екипата на Алавес се наоѓа на 21-та позиција,игра за опстанок и ништо освен победа не може да ја спаси екипата,а на последните 5 натпревари имаат две победи (Луго 0:1,Мајорка 1:0),еден нерешен натпревар со Депортиво со 1:1 и два порази (Еибар 1:0,Понферадина 2:1).

Од друга страна екипата на Нумансија се наоѓа на 12-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи (Депортиво 2:1,Понферадина 0:1) и три нерешени натпревари (Мајорка 1:1,Хуелва и Реал Мадрид Б 0:0).

Според традиција подобри се гостите кои на последните 11 натпревари против Алавес имаат 3 победи,7 нерешени натпревари и еден пораз.