Arsenal-Manchester City 2 (2.1)

Денес се игра 32-то коло од англиската Премиер лига.Наш избор за типување е натпреварот помеѓу Арсенал и Манчестер Сити,а типуваме на гостите.

Екипата на Арсенал веќе ја изгубија трката за титулата првак во Премиер лигата,а на последните 5 натпревари имаат две победи (Тотенхем 0:1,Сандерленд 4:1),еден нерешен натпревар со екипата на Свонси со резултат 2:2 и два порази (Челзи 6:0,Стоук 1:0).Покрај лошата форма тренерот на топџиите Арсен Венгер има проблем и со повредени играчи како Месут Озил и Кошчелни.

Од друга страна пак екипата на Сити и без нивниот најдобар поединец Кун Агуеро е беспрекорна и на последните 5 натпревари е без пораз со 4 победи (Манчестер Јунајтед 0:3,Фулам 5:0,Хал 0:2,Стоук 1:0) и еден нерешен натпревар и без голови со екипата на Норвич.Во моментов Манчестер Сити покрај екипата на Челзи е најсериозен кандидат за првото место во Премиер лигата.

Традицијата е пак на страна на домаќинот,кој на последните 24 меѓусебно одиграни натпревари имаат 11 победи,4 нерешени натпревари и 9 порази.

Motherwell-Kilmarnock 1 (1.75)

Попладнево во шкотскота Премир лига се игра 32-то коло.Нашиот избор е екипата на Мадервел која се наоѓа на третата позиција која води во квалификации за Лига Европа,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Рос Каунти 2:1,Инвернес 2:0,Хартс 4:1),еден нерешен натпревар со екипата на Хибернианс со резултат 3:3 и еден пораз од екипата на Ст.Џонстон со 3:0.

Од друга страна пак екипата на Килмарнок се наоѓа на 8-та позиција и на последните 5 натпревари има една победа против екипата на Хартс со резултат 4:2,еден нерешен натпревар со екипата на Хиберниан со 1:1 и три порази (Абердин 2:1,Селтик 0:3,Ст.Мирен 2:0).

Традицијата е пак на страна на гостите кој на последните 34 натпревари имаат 15 победи,7 нерешени натпревари и 12 порази.

Queen Of South-Morton 1 (1.55)

Попладнево се играат и натпреварите од шкотската Чемпионшип лига,а наш избор за типување е натпреварот помеѓу екипите на Квин Оф Саут и Мортон.

Екипата на Квин се наоѓаат на 4-та позиција и имаат шанса да играат и во Премиер лигата догодина,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Кауденбит 2:1,Алоа 0:1,Думбартон 3:1),еден нерешен натпревар со екипата на Хамилтон со резултат 1:1 и еден пораз од екипата на Данди со 1:0.

Од друга страна пак екипата на Мортон е веќе одпишана од Чемпионшип лигата,а на последните 5 натпревари имаат и 5 порази (Кауденбит 3:0,Хамилтон 3:4,Раит 2:1,Данди 2:0,Алоа 0:1).

Традицијата е одприлика изедначена,имено екипата на Мортон е подобра за нијанса и на последните 9 натпревари имаат 3 победи,4 нерешени натпревари и 2 порази.

Darmstadt-Hallescher 1 (1.75)

Попладнево се играат натпревари од 3-тата Бундес лига,а наш избор е натпреварот помеѓу Дармштад и Хелешер.Типуваме на домаќинот кој игра за пласман во втората Бундес лига.

Дармштад на последните 5 натпревари се без пораз,а имаат 4 победи и еден нерешен натпревар. Од друга страна екипата на Хелешер се наоѓа на 8-та позиција и неможе да испадне од третата Бундес лига,но и не може да се пласира во 2-рата Бундес лига,а на последните 5 натпревари имаат 2 победи и 3 нерешени натпревари.

И во оваа ситуација традицијата ни го кажува спротивното,имено на последните 3 меѓусебни натпревари Хелешер победиле 2 пати и еднаш завршиле без победник.

Heidenheim-Erfurt 1 (1.55)

Друг интересен натпревар од 3-тата Бундес лига е натпреварот помеѓу Хеиденхеим и Ерфурт.Тука според нас би требало да триумфира домаќинот,кој се наоѓа на 1-вата позиција и со евентуална победа денес го обезбедува местото во 2-рата Бундес лига.

Хеиденхеим на последните 5 натпревари имаат една победа,3 нерешени натпревари и еден пораз.

Од друга страна пак екипата на Ерфурт се наоѓа во сигурната зона на 7-та позиција и без шанса за пласман во втората Бундес лига,а на последните 5 натпревари имаат две победи,два нерешени натпревари и еден пораз.

И традицијата е на страна на екипата на Хеиденхеим која на последните 9 меѓусебни натпревари има 4 победи,3 нерешени натпревари и 2 порази.

Illertissen-Ingolstadt 04 II 1 (1.85)

Попладнево се игра и 28-то коло од регионалната Баерн лига,а играат екипите на Илертизен и Инголштад 2.Според нас во овој дуел би требало да победат домаќините,кој имаат амбиции за пласман во 3-тата Бундес лига.

Екипата на Илертизен на последните 5 натпревари имаат 2 победи и 3 нерешени натпревари. Од друга страна пак екипата на Инголштад 2 се наоѓаат на 7-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи и 2 порази.

И традицијата е на страна на екипата на Илертизен која на последните 3 меѓусебни натпревари имаат 2 победи и 1 нерешен натпревар.  

 

Ohridnews