Неоддамна на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид се одржа XXXII Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование.

По официјализирање на резултатите, тројца ученици од ОУ „Григор Прличев“, Теофил Сиљанокси, Ангела Трпческа и Теодор Недевски, како и Емилија Ванкоска од ОУ „Христо Узунов“, Теона Никоа од ОУ „Кочо Рацин“ и Виктор Блажески од ОУ „Св. Климент Охридски“, ќе учествуваат на Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование.

Натпреварот ќе се одржи на 17-ти овој месец со почеток во 09:30 часот во просториите на Природно математичкиот факултето во Скопје.

Комплетните резултатите можат да се погледнат на http://www.smm.com.mk/ , како и на http://matematikaohrid.blogspot.com/

OhridNews