Фестивалот за отворен ќе го прогласи претседателот на собранието на РМ кое е покровител на фестивалот, Трајко Велјаноски.
Традиционално како и секоја година пред почетокот на фестивалот , во 19 часот ќе се одржи свечено дефиле на фолклористите низ улиците на Охрид.

Во рамки на шесте фестивалски вечери, публиката ќе има можност да го проследи настапот на неколку професионалони ансамбли од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Албанија, Австрија, Полска и Турција.
На 7-ми јули ќе настапат КУД ,,Иван Горан Коваќевиќ” од Загреб, Хрватска и ансамблот ,,Дом на полифонијата” од Тирана, Албанија. Третата фестивалска вечер, на 8-ми јули е резервирана за ансамблот ,,Измир’’ од Турција и ансамблот ,,Дримкол’’ од Вевчани. На 9-ти јули, понеделник ќе настапат ансамблите ,,Варна’’ од Бугарија и ,,Ваграм ‘’од Австрија. Публиката на 10-ти јули ќе може да ги проследи настапите на ансамблите ,,Подегродзие’’ од Полска и ,,Џидо’’ од Србија. Честа да го затворат фестивалот ќе ја има ансамблот ,,Кочо Рацин” од Кичево, а во рамки на завршниот концерт, свои настапи ќе имаат и гостите од Полска, Австрија и Србија.
– И годинава ќе гостуваат домашни ансамбли, но и од странство. Нашата цел како и секогаш е да го провираме како македонскиот, така и фолклорот од целиот свет, бидејќи фолклорот е она што не приближува и што не расположува и враќа назад на корените. Новитет оваа година е што на свеченото затворање ќе има кратко претставување на ансамблите кои учествуваат годинава, информира директорката на Центарот за култура, драгана Боцевска.
Влезот за секоја од фестивалските вечери е слободен.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолклорна манифестација, основана во 1962 година. Над дваесетина години Балканскиот фестивал на народни песни и игри е член на двете асоцијации во рамките на УНЕСКО – Интернационалниот совет на организациите за фолклорни фестивали и фолклорна уметност и Меѓународната организација за фолклорна уметност.











