Полицијата синоќа повторно со засилени сообраќајни контроли, при што биле изречени санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Од 20 часот на 14.01.2022 година до 03 часот утрото на 15.01.2022 г, при извршени засилени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 08 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол. Во Охрид биле затекнати 6 возачи, а во Струга 2. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираше портпаролот Стефан Димоски. 

Од МВР велат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбеден сообраќај.

 

OhridNews