До овој момент до Министерството за култура пристигнале шест кандидатури за директор на Националната установа фестивал Охридско лето. Крајниот рок за пристигнување на апликациите испратени по пошта истекува денеска, по што ќе отпочне постапката за избор на нов директор на фестивалот.

Во рамки на Министертвото формирана е комисија од стручни лица која ќе ги разгледа пристигнатите програми на кандидатите, која своите предлози ќе ги достави до министерката за култура. Предвидено е таа во четврток да оствари средба со кандидатите, по што ќе биде донесена одлука кој ќе биде нов директор на фестивалот Охридско лето, информираат од Министерството за култура.

Конкурсот за избор на директор на фестивалот Охридско лето по скратена постапка беше распишан неодамна по оставката на поранешниот директор Васко Василески.

OhridNews