Охриѓани во голем број ги исполнаа шеталиштата во градот користејќи ги сончевите пладневни часови пред почетокот на полицискиот час во 14 часот.

Додека кафулињата се под клуч и нивните тераси затворени, граѓаните секој слободен час го користат за прошетка, возење велосипед, рекреација на некоја од бројните плажи на крајбрежјето.

Според најавите на надлежните,по овој викенд се очекува намалување на рестрикциите во движењето и постепено враќање на животот во нормала. Најавите се и дека ќе бидат отворени терасите на кафулињата со задолжително одржување на растојание меѓу гостите.

Обврската за носење заштитна маска и одржување растојание останува и во наредниот период.

OhridNews