Во вечерните часови, со возило речиси невозможно е да се помине по коловозната лента на „Кеј Маршал Тито“, по која согласно новиот режим на сообраќај, еднонасочно, треба да се движат возилата од улицата„К.Ј. Питу“ па се до „Ванчо Николески“.

Бројните пешаци кои се движат по овој дел од улицата очигледно е дека не сфаќаат, ниту пак обрнуваат внимание, дека сега  тоа е лента за возила, па така потребна е голема внимателност и трпение за да се поминат само неколку метри.

Согласно новиот режим на сообраќај, на почетокот на летната сезона, со бетонски топки беше издвоен делот наменет за пешаци, а означени беа и дел за паркирање на возилата и коловозна лента за нивно движење.

OhridNews