Само 11 натпревари траеше тренерскиот ангажман на легендата на украинскиот фудбал Андриј Шевченко на клупата на Џенова, потврди денеска италијанскиот прволигаш.

Шевченко ја остави Џенова, чиј дрес го носи Горан Пандев,  на претпоследното место на табелата во Серија А, а клубот го предводеше на девет првенствени натпревари без ниту една победа и со ефект од три нерешени и шест порази.

Единствената победа на клупата на Џенова, поранешниот украински репрезентативец и селектор ја забележа во италијанскито Куп против Салернитана (1:0)

Шевченко дојде во Џенова во декември на местото на Давид Балардини.

OhridNews