Последниот меч од првата рунда ќе го одиграат кодомаќинот Украина и Шведска.  Селекторот на украинците Олег Блохин ја препушта фаворитската улога на “трите круни“.

– Нашата игра не е на посакувано ниво. Ние не сме фаворити иако сме домаќини, така што притисокот е врз Шведска. Наша прва желба е да ја минеме групата, а пота се е можно, се сеќавате
ли на репрезентацијата на Грција“, вели украинската фудбалска легенда Блохин,

кој во 1975 година беше прогласен за најдобра европски играч.

Најдобриот играч на Шведска, една од најголемите звезди на Еуро 2012, Златан Ибрахимовиќ, се надева дека неговиот тим ќе истрча со двајца напаѓачи.

– Подготвен сум да играм за тимот и да одиграм на позиција која ќе ми ја одреди селекторот. Мислам дека полесно ќе победиме доколку играме со двајца напаѓачи.  Чувствувам притисок, но таквиот притисок е посакуван пред важни натпревари, а на Европското првенство секој натпревар е важен““, вели фудбалерот на Милан.

Дуелот Украина-Шведска ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Киев со почеток во 20:45 часот.