Капитенот на украинската репрезентација Андреј Шевченко доживел сообраќајна несреќа по победата над Шведска со 2-1 во првото коло од групата Д на Европскиот шампионат. Сепак голгетерот поминл без повреди , пренесуваат украинските медиуми.

Двојниот стрелец од мечот со Шведска, бил во својот автомобил марка “Порше“ заедно со неговата бремена сопруга, кога од позади ги удрил друг автомобил додека чекале на семафори.

Според медиумите, навивачите кои долго во ноќта ја славеа големата победа на Украина им излегле во пресрет на фамилијата Шевченко помагајќи им да излезат од колата.

Украина во наредниот меч на турнирот в петок ќе игра против Франција.

Ohridnews