Поразот на Украина значеше крај и на надежите за украинците за пласман во 1/4 финалето, но стави точка на една блескава репрезентативна кариера од Андреј Шевченко. Како што и најави “Шева“ Европското првенство во нивната земја е најдобар можен начин да се прости од репрезентативниот дрес.


Нормално е да сме тажни играмве пред својата публика, првенството го отворивме одлично со победата над Шведска. Одигравме како што знаеме, но кога сте во група со Англија, Франција и Шведска таа група ни малку не е лесна – рече Шевченко.

Стрелецот на двата погодоци во победата над Шведска, Шевченко се осврна на дуелот со Англија кој Украина го загуби со 1-0.


– Ја контролиравме играта цело време, создадовме прилики за погодок, но не ги искористивме. Англија е јака репрезентација и мислам дека може да стигне до финалето од ЕП – истакна Шева.

Андреј Шевченко кој потекнува од школата на Динами Киев во 111 настапи за Украина постигна 48 голови.

Мх.П.