Капитенот на украинската фудбалска репрезентација Андреј Шевченко верува дека еден од домаќините на континеталниот собир може да ја искористи предноста и пред своја публика да стигне до финалето во Киев.


– Доколку ги покажеме нашите квалитети, но и доколку не следи среќа можеме
до финалето. Свесен сум дека ќе биде многу тешко, но  ваква прилика ви
се укажува еднаш во животот. –
вели Шевченко

Откако беше познато дека Украина и Полска ќе бидат домаќини на Евро 2012, Шевченко најави дека тоа е неговaтa последнa цел и ќе биде крај на неговата професионална кариера.

Поранешниот фубдалер на Милан и Челси , последните неколку сезони ги минува во матичниот клуб Динамо, Киев каде и планира да стави крај на својата кариера. 17 години успешно настапува за својата репрезентација и во 107 меча постигнал 46 гола .

– Во последните пет години размислувам само за ова натпреварување кое ќе се одржува во мојата земја. Ова натпреварување ме натера да ја продолжам мојата кариера. Во години сум кога ми е потребно повеќе време за рекуперација, и одмор по напорните мечеви, на терен ќе истрчам само кога ќе бидам максимално подготвен, не сакам да ја разочарам јавноста, посакувам се најдобро за мојата репрезентација – порача Шевченко.

Украина првиот меч во групата го игра во понеделник против Шведска. Во д групата уште се Франција и Англија.