Најдобриот украински фудбалер Андреј Шевченко ја прекинува играчката кариера и ја започнува политичката. Ова 35-годишниот Андреј Шевченко го објави на интернет страницата на неговиот клуб Динамо од Киев во саботата.

Поранешниот играч на европските гиганти Челзи и Милан ја заврши својата репрезентативна кариера на неодамна завршениот европски фудбалски шампионат кога Украина иако еден од организаторите на првенството не успеа да се пласира во четвртфиналето од првенството коешто во јуни годинава го организираше заедно со Полска.

Ohridnews